Александер Борха (23), довчерашниот дефанзивец на Ренова е ново име во редовите на Брегалница. Како што дознава „Спортмедиа“ по се она што вчера се случи во клубот од Џепчиште, штипските „сини“ веднаш реагирале и успеале да го ангажираат Борха, кој може да игра на неколку позиции во одбраната, добро за нив е што Колумбиецот не се води како странец туку има и наш пасош.
Инаку Борха дојде како младинец во Работнички, потоа следуше трансфер во Македонија ЃП, беше член и на Пелистер, за да до вчера го носеше дресот на Ренова.
Во ланската сезона тој одигра 20 мечеви во ПМФЛ за “гипсарите“.