Подмладениот состав на нашата одбојкарска репрезентација со освојувањето на бронзата во Сребрената лига на ЦЕВ, покажа дека во оваа генерација има „материјал“ кој треба да се „избруси“ до следното Европско првенство во 2023 година.
Со низа проблеми поради повреди, оваа комбинација на младост и искуство која ја доби новиот селектор Павличевиќ најави дека походот на европските височини не завршува.
Втората бронза во историјата на ова натпреварување, а шести медал вкупно, е успех во периодот во којшто идеја е да добиеме поширок избор за претстојното Европско првенство чијшто коорганизатор е и Македонија. Овој успех треба да биде поттик за помладите да ја кренат формата низ работа во своите клубови, а со тоа да се изборат и за своето место во националниот тим во следната година.