Сензација од Мадрид, Реал во „лов“ на босанскиот голгетер

313

Најчитаниот шпански весник носи вести кои одекнаа повеќе од вообичаените гласини за трансфери кои изобилуваат во летните денови. Марка, добро запознаена со ситуацијата во Реал, пишува дека актуелниот шампион на Шпанија и Европа е сериозно заинтересиран за Един Џеко.

Легендарниот босански голгетер практично беше отпишан по само една сезона во Интер, бидејќи тој клуб целосно го реконструира нападот по неуспешната одбрана на титулата во Италија. Доаѓаат Лукаку и Дибала, а си заминуваат Џеко и Алексис Санчез, но и покрај статусот во актуелниот клуб и тоа што има 36 години, славниот напаѓач е желба на најголемиот клуб.

Ова се двете причини поради која Марка пишува дека Џеко има добро завршена сезона во Интер, постигна 17 голови и намести десет. Како второ, Реал нема достојна замена за Карим Бензема.

Џеко во Интер дојде од Рома за која играше шест години, постигна 118 голови и запиша 55 асистенции.

ПретходноОхриѓани не застануваат, потпишаа нов интернационалец!
СледноЕдисон Кавани на „слатки“ маки