Еден од најверните навивачи на македонската репрезентација и македонските спортисти ширум светот е Наце Митев. Тој присуствувал на многу натпревари во фудбал, ракомет, хокеј, а викендов беше и во „Ланксес арената“ во Келн на фајнал фор турнирот во ракометната ЛШ.
Тој се фотографираше и со претседателот на Барселона Жоан Лапорта и дури го натера да го држи и знамето со сонцето од Кутлеш.
Барселона ја освои европската титула.