И Давид Атанаскоски се пресели во Партизани од Тирана

268

Албанскиот фудбалски прволигаш Партизани од Тирана денеска престави уште едно ново македонско засилување. Како што потврдија на социјалните мрежи, првите луѓе на Партизани денеска го формализира договорот со Давид Атанаскоски.

Левиот бек доаѓа во Албанија од Македонија ЃП каде се врати на почетокот на оваа година од екипата на Шахтјор Караганди од Казахстан. 25-годишниот фудбалер потпишал едногодишен договор со Партизани со опција за продолжување за уште една сезона.

ПретходноПо една година пауза: Серена се врати на тениските терени (ВИДЕО)
СледноОФИЦИЈАЛНО: Тимовски стави потпис на договор со Шкупи