Тимот на Гранада бара засилување, а изборот паднал на искусниот голгетер Стеван Јоветиќ, пишуваат шпанските медиуми.
Јоветиќ е слободен играч откако му заврши договорот со Монако, а сега би можел да се пресели во Шпанија.
За него има интерес и од неколку италијански клубови, каде би можел да се врати откако настапуваше со успех во неколку тима, меѓутоа и Шпанија би била привлечна дестинација.