Сениорките поразени од Тунис, денеска контрола со Алжир

131

Македонската женска ракометна репрезентација го одигра првиот пријателски натпревар во Оран, домаќинот на Медитеранските игри.

Избраничките на Љубомир Савевски беа поразени од Тунис со убедливи 31-21 (15-10), техничките грешки и промашените зицери биле главниот проблем за „црвено-жолтите“.

Денеска женската репрезентација ќе има шанса за поправен, ќе игра против домаќинот на МИ, Алжир. Првиот официјален натпревар на турнирот, репрезентацијата ќе го игра на 30 јуни против Турција.

Македонија се наоѓа во групата Б на Медитеранските игри и ќе игра против Србија и Португалија.

Состав на Македонија:

Марија Јовановска, Андреа Седлоска, Сара Стефановска, Сара Миновска, Теодора Дукоска, Емилијана Ризоска, Ангела Јанкуловска, Ива Младеновска, Јована Кипријановска, Ивана Арсениевска, Александра Коловска, Ивана Џатевска, Борјана Коцева, Бојана Коцева, Матеа Чурлиновска, Марија Јанкуловска

ПретходноМеси и не е големо разочарување, на ПСЖ му донел 700 милиони евра
СледноЈулската мисија стартува утре, Бајиќ ќе прозива во СЦ „Борис Трајковски“