Со победата над репрезентацијата на Лихтенштајн од 2:0 репрезентацијата на Македонија во тенис обезбеди опстанок во третата Дејви куп група.
Македонија води против Лихтенштајн со 2:0 откако Берк Бугариќ за само 49 минути во два сета со 6:2 и 6:0 го совлада Ерик Пепард додека во вториот дуел Обрад Марковски во соочувањето против Андреј Спасоевиќ славеше со 6:0 и 6:2 во меч што траеше 47 минути.
Дуелот во двојки со оглед дека водиме со два разлика на кој ќе настапат Марковски и Србљак нема резултатско значење.