„Во Вардар остануваат сите играчи освен најавените странци, Недановски ќе биде тренер“

1243

Михајло Михајловски нема намера да остави Вардар во најтешкото. Првиот човек на актуелниот македонски првак отворено зборуваше за моменталната ситуација, како и за иднината на клубот. Имал план да се повлече, пред се поради години, но тоа нема да го стори се додека не го остави Вардар на здрави нозе.

Најави дека сите играчи ќе останат во тимот, освен новите најавени странски засилувања. Останува да се зборува со Томовски и Дибиров, кои во овој момент се на одмор.

На клупата ќе биде Владо Недановски, откако во разговор со Давид Дејвис, Шпанецот потенцирал дека сака да го води тимот доколку учествува во Лигата на шампиони.

„Мора да размислуваме за иднината на Вардар, да не дојде како ФК Вардар. Сакаме да продолжиме да се натпреваруваме, да направиме конкуретна екипа, да освоиме две титули, имаме согласност да се игра СЕХА, која ќе се доигра.

Вардар ќе игра во домашно првенство и во СЕХА-лига. Сакам да им се зблагодарам на играчите, сите имаа договори, сите можеа да кажат дека сакаат да си одат. Целата екипа освен тие странци што беа најавени, со Томовски и Дибиров останува да зборувам не збори на телефон, тие се на одмор.

На тренерското место ќе остане Владо Недановски, со Дејвис разговаравме, беше договорен, но по најновите случувања се смени ситуацијата. Недановски е проверено име, веруваме во него, соработуваше со сите претходни тренери“.

Михајловски најави повлекување, кое ќе се случи откако ќе биде исчистени сите долгови.

„И пред да се случи ова со ЕХФ, имав лична замисла да се спаси Вардар да застане на здрави нозе, сакав да се повлечам во клубот, бидејќи имам 75 години и имам бизнис. Сакав да најдам некој кој што ќе ме замени, ќе највам оставка нема да го оставам клубот, овие долгови со Сергеј да ги исчистиме, да не се чека, во следните два месеци дека е чисто со изјава од сите играчи дека нема побарување од никој.

Апел до Вардар и до градот, и до моќни компании кои би можеле да му помогнат на клубот. Убедени сме дека ќе го реализираме.“. 

ПретходноСтоилов: Многу сум разочаран од ЕХФ, бездушно не казнија! Ќе го поминеме и ова!
СледноЕХФ ја „пополни“ Лигата на Шампионите за следната сезона