Силекс и Филип Стојчевски ја продолжија соработката

508

23-годишниот играч за врска на екипата на Силекс, Филип Стојчевски, останува во Кратово и во следните две сезони.

Како што ни потврдија од клубот денеска, Стојчевски и кратовци си подале рака за нова двегодишна соработка.

Стојчевски е дете на Металург, од каде подоцна настапуваше и за екипите на Вардар, Македонија ЃП, Работнички, Ренова, а една година беше и интернационалец во грузиски Сиони.

ПретходноВтор пораз на младинците на контролите со Црна Гора
СледноКосово ни се реваншираше за поразот во Скопје