По цели 17 години откако замина од дома, Фернандињо се врати во бразилски Атлетико Паранаенсе.
Играчот од средниот ред потпиша договор со својот матичен клуб до крајот на 2024 година и го зема дресот со број 5.
Летово 37-годишниот играч од средниот ред си замина од Манчестер Сити како слободен играч и реши да се врати во својата татковина, од каде замина уште во 2005 година при својот прв трансфер во украински Шахтјор Доњецк.
Фернандињо по 8 години минати во Украина во 2013 година направи трансфер во Манчестер Сити каде остана се до минатата сезона. За „граѓаните“ тој одигра 264 меча и по постигна 20 гола.