Женската ракометна селекција на Македонија, која е во Оран (Алжи) и ќе учествува на турнирот, продолжува со одигрување на пријателски средби кои се еден вид подготовки за МИ. Па така ракометарките денеска ја извојуваа првата победа и тоа против домашната селекција на Алжир со 27-25 (14-16).
Секако дека оваа победа и тоа како добро ќе им дојде на избраничките на Љубомир Савевски, за подигнување на формата и самодовербата пред настапот на МИ во Оран.
Инаку женскиот турнир во ракомет стартува на 30 јуни а Македонија својот прв ривал го има во селекцијата на Турција.