„Мораме да направиме продажба од 40 милиони евра за да купиме нови играчи“

319

Претседателот на Атлетико Мадрид Енрике Серезо изјави дека клубот треба да продаде фудбалери и на тој начин да обезбеди 40 милиони евра за да може да донесе нови играчи во текот на ова лето.
Треба да направиме продажба од 40 милиони евра и се трудиме да го направиме тоа. Но на пазарот на фудбалери не е лесно. Тешко е да се издејствува добра зделка. Веќе го имаме Аксел Витсел, со кого, како што сите знаете, се е решено и бараме десен бек“, изјави Сересо за „ESPN“.

Претседателот на Атлетико кажа и за ситуацијата со Алваро Мората и Саул Нигес.
Мората и Саул ги исполнија договорите со другите клубови и се вратија назад. Ние се радуваме што ќе ги имаме на располагање“, изјави Сересо.
Мората играше под наем во Јувентус од 2020 година, а италијанскиот клуб не го откупи договорот со напаѓачот. А Шпанецот има договор со Атлетико до 2023 година.
Нигес минатата сезона ја помина во Челзи. Му истече позајмицата на крајот на 2021/22 и се врати на „Метрополитано“. Тој има договор до 30 јуни 2026 година.

Атлетико го напуштија Ектор Ерера кој отиде во Хјустон како слободен играч и Луис Суарез кој исто така е слободен и бара нов клуб.

ПретходноMoнако го продаде италијанскиот напаѓач, но „изгуби“ многу пари
СледноМарсеј скапо ќе ја плати караницата меѓу фудбалерот и тренерот