Кадетите со пораз од Молдавија стартуваа на БП во одбојка

181
Македонската машка кадетска одбојкарска репрезентација со пораз ги почна настапоте на Балканското пренство во Нови Сад, Србија. На стартот од натпреварувањето, нашите кадети беа поразени од селекцијата на Молдавија со 3:1.
Главна карактеристика на нашата игра беше непостојаниот прием поради што немавме можност да организираме чисти акции. Македонија утре ќе игра со Бугарија, која е прв фаворит во групата, откако вчера убедливо ја совлада Молдавија.

Молдавија – Македонија 3:1 (23:25, 25:21, 25:17, 25:18)

Судии: Јан Оценас (СРБ), Ионут Буциу (РОУ)

Македонија: Арапов, Димоски, Тодоровски, Пуздерлиски, Милев, Мицев, Маглешев, Станков, Николов, Грковски, Ристовски, Ефремов, Коцев, Смилков.

ПретходноЗенит на Коринтијанс му зема двајца играчи, а му прати еден
СледноОФИЦИЈАЛНО: Лукаку се врати во Интер (ВИДЕО)