Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев денеска настапи на трката на 25 километри на Светското првенство во водени спортови во Будимпешта, Унгарија.
Тој успеа да ја исплива патеката со време од 5:13:52.80 часа, со заостанување од 11:31.30 минути зад победникот Дарио Верани од Италија.
Со овој резултат Поп Ацев успеа да го освои 17-то место во оваа трка на која се појавија 25 пливачи, а 5 од нив не ја завршија трката.