Како што дознаваме, Наумче Бакрачески и Љавдрим Фазлиу се нови имиња во прилепска Победа. Клубот кој по пауза од неколку години во претстојната сезона ќе игра во нашата фудбалска елита.
Бакрачески (25) е играч од средниот ред, а може да игра и во дефанзивата. Последен клуб му беше штипска Брегалница, претходно играше и за Тиквеш, Металург.
Фазлиу (22) е офанзивен “везњак“, “дете“ на Работнички, а потоа играше за Пелистер, последен клуб му е Македонија ЃП.