Повеќе од јасно е дека Шкендија вечерва против Арарат, во првиот меч 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции ќе мора не само да победи, туку и и да си обезбеди солидна гол разлика за мирен реванш во пресрет на реваншот следната недела во Ереван. Впрочем тоа го кажа и тренерот на тетовци Артим Шаќири.
И затоа Шкендија ќе мора вечерва да “пука“ од сиот свој напаѓачки арсенал, а го има и тоа како.
Секако дека тука се капитенот Ферхан Хасани, потоа Љупче Дориев, па Синдрит Гури, не смееме да заборавиме на Дашмир Еелези и Валмир Нафиу. И на крај, ако не и на почеток,тука се новаците Влатко Стојановски и Вагнер Гонзалвес, само прашање е дали овие двајца се доволно спремни за една ваква битка која Шкендија ја очекува против Арарат Ереван.
Сите офанзивци кои погоре ги набројавме, кој од нив ќе добие шанса и минутажа, ќе треба да покаже зошто е член на Шкендија.















