Дома Фудбал Прва лига Ристевски дефанзивно засилување за Брегалница

Ристевски дефанзивно засилување за Брегалница

282

Александар Ристевски е најновата аквизиција на тимот на Брегалница за следната сезона. Искусниот дефанзивец пристигнува во Штип како уште еден новитет во реновирањето на ростерот за следната сезона, за кој штипјани се уверени дека е добитна комбинација.

Досега во овој преоден рок Брегалница се засили со досегашниот фудбалер од средниот ред на Академија Пандев, Адис Хаџановиќ од БиХ, Белгиецот Фајсел Касми, поранешниот македонски репрезентативец Горан Силјановски, долгогодишниот капитен на Борец, фудбалерот од средниот ред Ѓорѓи Ѓорѓиев, левокрилниот дефанзивец Александер Борха Кордоба како и црногорскиот голман Немања Шчекиќ.
ПретходноТФТ на стартот на ЛШ ќе игра против екипа која ја тренира Ѓорѓи Кочов
СледноЈунајтед понудил 60 милиони за Антони, Ајакс одбил