И Пелистер пријави учество во АБА2-лига

128

По ТФТ, во второлигашкото јадранско натпреварување учество пријави и Пелистер. Битолскиот тим веќе има искуство, дебитанската сезона ја одигра под очекувањата иако имаше состав кој ветуваше многу, се бореше за опстанок во АБА 2-лига.

Кошаркарите на Пелистер имаа учинок од четири победи и девет порази го освоија деветото место во ова натпреварување.

Битолскиот клуб во новата сезона ќе биде под водство на Марјан Илиевски, во кого управата има голема доверба. Пелистер по долго време успеа да ја врати публиката на трибините, а со новото учество во АБА 2-лига и можноста мечевите да се играат на домашен и гостински терен, не турнирски, истата ќе има дополнителен мотив да ги следи нивните настапи.

ПретходноФилип Илиоски нов генерален секретар на Победа
СледноБесарт со првиот гол за Струга ТЛ во прекинатиот меч со Охрид