Финале на Вимблдон: Џабер и Рибакина го играат мечот на кариерите!

144

Вимблдон ќе добие нова шампионка. Онс Џабер и Елена Рибакина со самото влегување во финалето на најпрестижниот тениски турнир го направија најголемиот успех во кариерите. До сега ниту една од нив не стигнала ни до полуфинале на некој Грен слем турнир, а денеска со почеток од 15:00 часот ќе играат за големиот трофеј на Вимблдон.

Тунижанката во полуфиналето славеше над ветеранката Татјана Марија која ја совлада во три сета, додека Русинката (Рибакина е родена во Москва) под знамето на Казахстан ја елиминира Романката Симона Халеп со 2:0 во сетови.

На хартија, Џабер е мал фаворит поради тоа што има три трофеја од ВТА турнирите, додека Рибакина има два трофеја од ВТА и четири трофеја од категоријата ИТФ.
Освојување на Вимблдон не е мој сон од детството. Тоа е Ролан Гарос. Во Тунис немаме терени со трева, па така не ни можев да замислам дека можам да стигнам до финале на Вимблдон. Сонот за триумф на Вимблдон почна минатата година кога стигнав до четвртфиналето. Затоа се радувам што ќе играм во финале и што имам можност да се борам за трофејот“, вели Џабер.
Џабер има јуниорска титула на Ролан Гарос освоена во 2011 година.

ПретходноMилан спрема 35 милиони евра за Елмас
СледноНиколов го напушта МЗТ и се враќа во Турција