Промоција: Алити ја засили одбраната на Воска Спорт!

395

Од денеска и официјално нов член на Воска Спорт е Арлинд Алити (22), младиот дефанзивец кој би требало да биде големо засилување во одбраната на тимот на стратегот Берат Имери. Алити е “дете“ на Шкендија, а покрај овој тим, тој има играно и за екипите на Велазерими, Струга ТЛ, Ренова. Сепак и покрај неколкуте нови имиња, екипата на Воска Спорт тешко дека, како што беше тоа во минатата сезона, ќе има тим кадарен за битка за самиот врв во Втората лига.

На хартија има тука и тоа како посилни екипи од Воска, како Гостивар, Вардар, Пелистер…и уште неколку други.

May be an image of 1 person

ПретходноЕмил Павлов со три порази на 11. Светските Игри во САД
СледноТФТ го ангажираше американскиот плејмејкер Доналдсон