Панатинаикос одлучи да се врати таму каде што му е местото, на самиот врв на европската кошарка, а за оваа цел го ангажираше екс-стратегот на Црвена Звезда, Дејан Радоњиќ.
Црногорскиот тренер не губи време полека почнува да го создава ростерот за новата сезона, а се чини е близу да го донесе најголемото засилување. Станува збор за Мариус Григонис кој доаѓа од ЦСКА Москва, тимот на Емил Рајковиќ.
Добро е познато дека рускиот клуб предводен од македонскиот стратег во новата сезона нема да настапува во Евролига поради ситуацијата во Украина, па Литванецот реши да си замине и да побара нова средина.
Според најавите ќе го облече дресот на Пао, тој треба да потпише двегодишен договор. Со оглед на тоа дека е под договор со ЦСКА, тимот од Москва ќе добие 200.000 евра, додека играчот ќе заработи 1,8 милиони евра годишно.
28-годишниот кошаркар минатата сезона имаше просек од 8,5 поени, 1,4 скока и 1,9 асистенции во Евролига.