Фулам донесе фудбалер на Манчестер Јунајтед

191

Повратникот во Премиер лигата Фулам се пофали со трансферот на Андреас Переира кој досега беше член на Манчестер Јунајтед. Бразилскиот фудбалер потпиша договор до летото 2026 година со можност соработката да биде продолжена на уште една сезона.
Клубот од „Крејвен котиџ“ не сакаше да објави колку е платен фудбалерот роден во Белгија, но новинарот Фабрицио Романо објави дека Јунајтед ќе добие 10 милиони фунти и уште три преку бонуси.
Инаку Переира беше во Манчестер од 2014 година, но беше позајмуван во неколку клубови: Гранада, Валенсија, Лацио и Фламенго за кого играше минатата сезона.

Инаку Переира е второ засилување за Фулам ова лето после Жоао Палиња кој дојде од Спортинг Лисабон за 20 милиони евра.

ПретходноВејн Руни стана тренер на клуб од МЛС
СледноНани ќе игра во Австралија