Јокиќ доби замена – Џордан потпиша со Денвер

128

Денвер Нагетс го донесе Деандре Џордан кој треба да го пополни местото на Никола Јокиќ додека српскиот кошаркар одмара на клупата за време на натпреварите.
Истата улога Џордан минатата сезона ја вршеше со Џоел Ембид и Џејмс Харден во Филаделфија, а сега одлучи да ја промени средината. Инаку во кариерата 33-годишниот кошаркар играл и за Л.А. Клиперс, Далас, Њујорк, Бруклин и Лејкерс.
Најголемиот успех на Деандре Џордан е злато со репрезентација на САД на Олимписките игри во Рио 2016 година.

ПретходноОбјавени детали од новиот голем трансфер на Барселона
СледноЈовиќ на дебито за Фиорентина постигна повеќе голови отколку во 51 меч за Реал!