Денеска фудбалерите на Македонија ЃП одиграа уште една пријателска средба во текот на подготовките за својот евро настап. Во Банско, каде сеуште се на подготовки, тие загубија од Стеауа, тим од Романија со 2:3. Сепак треба да се каже дека четата на стратегот Муарем Бајрами имаше водство од 2:0, и тоа со головите на Јовановиќ, но Романскиот тим во продолжение од средбата успеал да постигне три гола и да забележи победа.
Инаку Македонија ЃП на 21 и 28 јули во рамките на 2.квалификациско коло во ЛК, се среќава со ЦСКА Софија.