Пријателска: Струшкиот судија Качевски досуди два пенали за Приштина против Струга ТЛ!

1362

Во пријателски меч во Маврово, екипата на Струга ТЛ беше поразена од Приштина со 1:2. Голот за составот на стратегот Срѓан Захариевски беше дело на Бојку. Инаку интересно е тоа што овој натпревар кој се одигра во Маврово, го судеше Јован Качевски од Струга, еден од нашите најдобри судии. Иако се работи за стружанец тој немаше милост против своите сограѓани зошто покажа во два наврати на белата точка за гостите од Косово, и двата беа реализирани.

Навистина интересно, или максимално профеисонално ако сакате.

Треба да се каже дека гостите во 55.минута добија црвен картон, но по договор на двајцата тренери, оставено беше Приштина да игра во полн состав.

ПретходноШкендија го мина Ереван, сега нека му ја мисли Валмеира!
СледноБрегалница го победи српски Трајал, но „раскина“ со Азиновиќ!