Македонија убедливо поразена од Словенија и ќе разигрува на ЕП

156

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 20 години доживеа убедлив пораз од Словенија со 36:63 во четвртфиналето на ЕП од Б дивизијата кое се игра во Скопје.
Македонките ја победија Романија и се пласира во нокаут рундата, а таму немаше сили за уште едно изненадување. Словенечките кошаркарки не им дозволија на нашите да се размавнат.
Македонките имаа разочарувачки ефект во шутеви додека Словенките казнуваа речиси во секој наш неуспешен напад. Матеа Николиќ беше најефикасна во нашиот табор со десет поени.
Во полуфиналето Словенија ќе игра со Турција, додека Македонија ќе разигрува од петто до седмото место. Следниот ривал е селекцијата на Германија која беше поразена од Турција.

ПретходноМладинците ја растурија Австрија со 36 разлика
СледноМагичен пресврт на Динамо за победа над Локомотива