Американецот кој треба да го облече „црвено-жолтиот“ дрес на мегдан со МЗТ Скопје

250

Јоги Ферел, најсериозниот кандидат за добивање на македонски пасош ќе биде еден од противниците на МЗТ Скопје во АБА-лига. Американецот го продолжи договорот со Цедевита на уште една година.

„Задоволен сум што ќе продолжам да бидам дел од Цедевита Олимпија и што повторно ќе ги здружам силите со Едo, Зоран и Ален и сите други момци кои останаа во Љубљана од минатата сезона и оние кои имаат и ќе ни се придружат ова лето.  Верувам дека во новата сезона ќе влеземе максимално мотивирани за да го поправиме резултатот од минатата сезона и дека сите навивачи ќе продолжат да уживаат во нашите добри настапи и борбени игри. Едвај чекам да започне новата сезона“, изјави Ферел при продолжувањето на договорот со Цедевита Олимпија.

Во сезоната 2021/22, Јоги Ферел играше на 22 натпревари во АБА лигата, имаше просек од 12,6 поени, 3,4 асистенции и 2,4 скока.

МЗТ Скопје со Цедевита ќе се сретне во рамките на петото коло како гостин, реваншот се игра во февруари следната година.

ПретходноЕнис Фазлагиќ се сели во Турција и потпишува за Истанбулспор
СледноГоце и Стефан: Кога двајца славни МАКЕДОНЦИ ќе се видат на “Максимир“!