Шкендија знае како треба во Рига, Валмиера е ривал за респект!

216

 

По една година Шкендија се враќа во Рига, одново ќе игра со тим од Летонија.Лани тоа беше Рига, а денеска тоа е Валмиера. Она што беше лани е само лошо искуство, научени се грешките како клуб, тоа го рече вчера на пресот стратегот на Шкендија, Артим Шаќири.

Лани Шкендија беше далеку од онаа европска Шкендија, сега со Шаќири на клупата е нешто сосема друго.Тоа на своја кожа го осети Арарат Ереван кога на двата меча од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции едноставно беше надигран.

Шкендија попладнево на Даугава стадионот во Рига, со почеток од 17 часот, против Валмиера ќе го одигра првиот меч од втората квалификациска рунда во Лигата на Конференции. За нашата фудбалска јавност Валмиера е тотално непознат ривал, со речиси никакво евроспко искуство, одиграни само три меча и ниту една победа. Но Валмиера во моментов е најдобриот тим во својата земја, прва е на табелата и затоа мора да се респектира.

Јасно е дека сите ова во Шкедија го знаат, поготово стратегот Шаќири и затоа се тие зборови со респект за противникот. Од друга страна Шкендија е свесна за своите квалитети, знае што може, знае како треба. Има искуство и како клуб и како играчи, и ќе треба само да се прикаже најдоброто од себе за да денеска се извлече што подобар резултат пред реваншот, а потоа во Скопје следниот четврток се стави точка на пласманот во следната рунда каде што ривал ќе биде подобриот од двомечот меѓу АИК (Шведска) и Ворксла (Украина).

Според информациите од таборот на тетовци стручниот штаб ќе може да смета на сите свои играчи, па и на Вагнер кој на гостувањето во Ереван минатата недела се повреди.

Натпреварот меѓу Валмиера и Шкендија се игра попладнево на  стадионот Даугава во Рига со почеток од 17 часот. Прв меч од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции.

ПретходноНишто од НБА-лига, Мициќ останува во Анадолу Ефес!
СледноПавличковски две години во Голден Арт