Шверцери и Бед Блу Бојс во Скопје ќе навиваат заедно

6922

Во пресрет на реваншот од второто коло од квалификациите за Лигата на Шампионите помеѓу македонскиот шампион Шкупи, и хрватскиот, тимот на Динамо Загреб, во Скопје најавен е спектакл. Истиот ќе се случи на Арената Тодор Проески во вторник со почеток од 21:00 часот, каде што домаќинот најавува преполни трибини и фешта која Чаирчани ја чекаат речиси две децении. Уште од времето кога овој тим се нарекуваше Слога Југомагнат и кога ја имаше шампионската серија во ПМФЛ. Сепак,с ега се други времиња, Шкупи има сериозна шанса да направи резутатски подвиг по херојски одиграните 2:2 во Загреб и да обезбеди групна фаза во едно од Европските натрпеаврувања.

Чаир е на нозе, веќе се подготвува кореографијата и се што е потребно, а Спортмедиа дознава и уште една „пикантерија“.

На гостувањето во Загреб, каде што „Шверцери“ беа одлично пречекани и немаше никакви инциденти, напротив, договорено е гостувањето на навивачката група на Динамо во Скопје, Бед Блу Бојс, и навивање на иста трибина. Поточно, заедничко бодрење на обата клуба па кој е подобар нека победи.

Водачите на двете навивачки групи на одеелен состанок во Загреб по натпреварот Динамо – Шкупи ги договориле сите детали, и во вторник во Скопје се очекува група од хрватски тифози.

 

 

ПретходноСе чека „Лавовски“ крик против бугаскиот противник
СледноМолина ќе стане дел од Атлетико Мадрид