Барселона со еден потпис заработи 400 милиони евра!

263

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона продаде дополнителни 15 отсто од телевизиските права во период од 25 години на американскиот инвестициски фонд „Sixth Street“.

Барса на истиот фонд претходно продаде 10 отсто од ТВ правата, а потоа заработи 207,5 милиони евра. Колку добиле за уште 15 отсто, не соопштија од Барселона, но шпанскиот печат пишува дека се работи за приближно 400 милиони евра.

Оваа финансиска инјекција ќе и помогне на Барса да се усогласи со финансискиот фер-плеј и да ги сервисира постоечките трошоци како што е трансферот на Роберт Левандовски и Бразилецот Рафиња, кој ја чинеше вкупно 110 милиони евра.

ПретходноЕве зошто е СПЕЦИЈАЛЕН: Фан на Рома пред Мурињо ја запроси својата девојка! (ВИДЕО)
СледноУ-16: Македонија поразена од Србија!