Таљафико и официјално во Лион

184

Николас Таљафико, досегашниот играч на тимот на Ајакс и официјално се пресели во Лион. Потпиша тригодишен договор, а Ајакс на име на трансферот ќе прими четири милиони евра.

Аргентинецот беше дел од Ајакс четири години во кој одигра преку 100 мечеви за „Копјаниците“, а сега заминува во Франција, како негова трета дестинација во Европа, затоа што своевремено одработи и една кратка позајмица во Реал Мурчиа

Одигра четириесетина мечеви досега за Аргентина, а во татковината настапуваше за Индепендиенте односно Банфилд.

ПретходноНагелсман: Проблемот е што Хари Кејн е многу скап, но ќе видиме
СледноТриумф над Луксембург и борба за петто место на ЕП во Варна