Триумф над Луксембург и борба за петто место на ЕП во Варна

104

Македонската младинска ракометна репрезентација успеа попладнево на Европскиот шампионат во Варна да триумфира на селекцијата на Луксембург со конечни 27:23 и на тој начин да се стекне со право да се бори за освојување на петтото место на овој турнир.

Во далеку подобра игра во која нашиот национален тим имаше контрола и резултатска предност во текот на целиот меч, Македонија заслужено се избори за меч во кој ќе се бори за уште подобар пласман на ова ЕП.

Нашиот табор го предводеше Тотиќ со пет гола пред Тодески односно Шулески со по четири, додека Брестовац имаше девет одбрани на голот.

Ривал на Македонија во мечот за петто место ќе биде репрезентацијата што ќе слави на дуелот меѓу Украина и Велика Британија, утре со почеток во 12:00 часот.

ПретходноТаљафико и официјално во Лион
СледноРобот му скрши прст на дете…. на партија шах (ВИДЕО)