Најдобарата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во финалето на ИТФ турнирот кој што се одржува во чешки Оломуц.
Таа предмалку во полуфиналето беше подобра од Дарја Астакхова од Русија со конечни 2-1 во сетови (6-2, 3-6, 6-3) во исклучително тежок дуел кој траеше повеќе од два часа.
Во финалето кое што ќе се игра утре во 13:00 часот, Ѓорческа ќе се сретне со домашната фаворитка, 16. годишната Сара Бејлек, која што е една од најталентираните тенисерки во нејзината возраст не само во Чешка, туку и во Европа.