Некогашниот македонски младински репрезентативец, играч кој беше дел од нашата златна У21 генерација која што беше дел од Европското првенество во Полска во 2017 година, Бесир Демири е нов член на шампионот Шкупи.
Левиот бек се враќа дома. Демири е дете на Шкупи, кој својата фудбалска афирмација ја доживеа на Чаир, а потоа замина во Шкендија, па во Вардар, па потоа се изпроба и на интернационална сцена. Најпрво во Мариупол, Украина, па потоа во словачка Жилина, пред да пристигне во Албанија и да заигра за Кукси односно Динамо Тирана.
Сега, со полни 27. години Бесир Демири се враќа во неговиот клуб од детството како големо засиливање за претстојните европски но и домашни предизвици.