Савевски: Пропуштивме многу шанси, но и судиите немаат ист аршин!

224

Македонската кадетска женска репрезентација не успеа да обезбеди место во 1/4 финалето на Светското првенство кое се одржува во Скопје. Исланд беше подобра од нашите ракометарки, ги совлада со 25-22 нанесувајќи им го првиот пораз на ова првенство.

Љубомир Савевски, предводникот на нашиот национален тим, секако беше разочаран по поразот.

„Сите натпревари ги одигравме со краток ростер. И пропуштивме многу шанси. Се вративме во игра и бевме во минус еден, но промашивме пенал и празен гол и не можевме добро да ја менаџираме ситуацијата

Не сум задоволен од судењето, и на минатата средба и сега. Не дека требаше да ни помогнат затоа што сме домаќини, ама мислам дека благонаклоно гледаа на противниците. Немаа исти аршин. По мое имаше десетина чекори, се гледаа зошто не ги свирнаа не знам. Или не чувствуваат или… Зошто не ги судеа – не знам. Нека се гледа снимка, овие се добри судии, зошто не отсудеа, не знам. Но, да не излезе дека сега со нив се правдаме, далеку од тоа, ние сме си самите виновни за поразот“.

Македонија ќе се бори за пласман од 9. до 12. место, а првиот меч го игра во недела против селекцијата на Германија.

ПретходноАрсенал славеше на „Селхурст парк“ на отворањето на Премиер лигата (видео)
СледноТри гола, два црвени картони и победа на Лион во 1.коло во Лига 1