По долго време во нашата ПМФЛ, барем засега, нема тренери странци.Но затоа има дури осум негогашни играчи на Вардар. Значи од 11 тренери во тие 11 клубови, осум некогаш биле фудбалери на нашиот најтрофеен клуб, освојувале титули, играле во Европа.
Артим Шаќири, Срѓан Захариевски, Илчо Ѓорѓиоски, Љупчо Марковски, Славчо Георгиевски, Влатко Костов, Горазд Михаилов кој дебитираше со 16 години и 10 месеци, и Бобан Бабунски.Ова се тие екс- вардарци.
Во Вардар не играле само Гоце Седлоски, Ѓорѓи Стојчев и Муарем Бајрами.
Сепак и Седло е екс-вардарец,како директор и тренер има освоено четитири титули со Вардар.
Кога сме кај епитетот тренер –шампион, од овие 11 тренери само тројца можат да се пофалат со тој епитет.
Гоце Седлоски (Вардар, Шкупи), Илчо Ѓорѓиоски (Македонија ЃП, Вардар), Влатко Костов (Ренова).
ТИМОВИ И ТРЕНЕРИ
ШКУПИ: ГОЦЕ СЕДЛОСКИ
ШКЕНДИЈА: АРТИМ ШАЌИРИ
А.ПАНДЕВ: ЃОРЃИ СТОЈЧЕВ
МАКЕДОНИЈА ЃП: МУАРЕМ БАЈРАМИ
СТРУГА ТЛ: СРЃАН ЗАХАРИЕВСКИ
БРЕГАЛНИЦА:ИЛЧО ЃОРЃИОСКИ
РАБОТНИЧКИ: ЉУПЧО МАРКОВСКИ
СКОПЈЕ: СЛАВЧО ГЕОРГИЕВСКИ
ТИКВЕШ:ВЛАТКО КОСТОВ
СИЛЕКС: ГОРАЗД МИХАИЛОВ
ПОБЕДА: БОБАН БАБУНСКИ