Иако “Радио Каталонија“ објави сензационална вест дека Ле Меси наредното лето сигурно дека ќе се врати во Барселона, дури имало и некаков си “дил“ со Хоан Лапорта, сепак не ќе е да е така. Секако дека Лапорта и Чави говореа дека и нивна желба е иконата на клубот да се врати во Барса, но, има едно големо но.
А тоа но, бил Роберт Левандовски.
Имено како што пишуваат попладнево медиумите во Шпанија, а пред се „Ел Паис“, Лео не го “мириси“ многу Полјакот.
Познато е дека при доделување на наградата „Златна топка“ за 2020, Меси како победник изјави дека токму Левандовски ја заслужил и дека требало нему да му се додели тоа признание.
На ова Левандовски изјави дека тоа биле само празни зборови на Меси.
На крај од целата “приказна“ Меси веројатно лут на зборовите на Полјакот посочи:
“Искрено не ме интересира што кажал тој, не му давам преголема важност. Она што јас го кажав го кажав од срце, така и се чувствував“ посочи Меси.
И после се ова јасно е дека Меси и Левандовски не можат да играат во ист тим, а факт е дека Полјакот игра на таа позиција во Барселона на која Меси треба да ја заврши својата кариера.
Значи бадијала соништата на фановите на Барса и сите во клубот дека иконата ќе се врати на “Камп Ноу“.










