Уште две нови имиња во ГРК Тиквеш!

204

Мартин Димовски и Лазар Петровиќ се новите засилувања во редовите на ГРК Тиквеш. Кавадаречкиот состав денеска потврди дека ја продолжи соработката со дефанзивец Борче Соколов.

Со ова ГРК Тиквеш предводен од Данило Брестовац полека го комплетира ростерот. Првите луѓе на клубот ги официјализираа крилата Кондев, Коцев, Темелкоски и Лазаров, пивотите Окардов и Стефановиќ, голманите Велков и Брауновиќ, како и бековите Милков, Симиќ, Дрогришки и Хамзиќ.

Во новата сезона ГРК Тиквеш ќе игра против Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Пролет, Радовиш, Јуниор Кисела Вода, Голден Арт и Скопје.

ПретходноКореја го освои Светското првенство во Скопје!
СледноТурција без најдобриот ракометар против Македонија!