Од 16 до 20 август во нашиот познат туристички центар по 50-ти пат ќе се одржи „Струшкиот турнир“ во ракомет. Низ изминатава полувековна традиција овој турнир стана вистински бренд на ракометна Македонија, која секако дека се гордее.
По повод одржувањето на овој турнир, денеска се одржа прес конференција во АМС на која турнирот го промовираа првиот човек на Агенцијата Наумче Мојсовски, потоа генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски, претседателот на РК Струга, Кире Јованоски кој покрај другото напомена…
“Ретко кој спортски настан може да се пофали со ваква полувековна традиција.Ние и во потешки услови сме го одржувале овој турнир. Годинава повторно ќе има осум екипи и сметам дека ќе биде еден од посилните кој досега се одржал“ посочи Јованоски.
Од името на РФМ свое видување даде и Филип Милошевски:
„Ракометната федерација на Македонија дава максимална поддршка. Навистина е чест и задоволство што ја имаме оваа манифестација веќе 50 години. Струшкиот турнир е едне голем проект за Македонија“.
Инаку на овој турнир годинава ќе учествуваат екипите на Вардар кој лани беше победник, потоа Е.Пелистер, Алкалоид, Бутел, Струга од Македонија, а од странство тука се Целје (Словенија), Татран Прешов (Словачка) и АЕК (Грција).