Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов во новата сезона ќе се сели во Англија. Според германскиот медиуми Барнли ќе биде новиот тим на Чурлинов доколку Штутгарт ја прифати понудата на овој тим која изнесува пет милиони евра.
И пред две недели имаше преговори на релација Штутгарт и Барнли, инаку член на Чемпионшип дивизијата во Англија, но тогаш тие завршија неуспешно поради малата понуда на Англичаните.
Се чини овој пат двете страни нашле заеднички јазик, па нема да биде изненадување ако Дарко Чурлинов се пресели во Англија. Во меѓувреме сериозно “загриза“ Андерлехт, гигантот од Белгија, но проблем настана околу висина на отштетата.
Excl. News #Churlinov: DONE DEAL! Surprisingly he will join Burnley on a permanent deal. Total agreement. Kompany is the reason. More than €5m transfer fee with bonuses. Anderlecht is out. @_dennisbayer @SkySportDE 🇲🇰
— Florian Plettenberg (@Plettigoal) August 12, 2022