Поради одложеното премиерно коло од новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, дел од второлигашите викендов го користат за одигрување пријателски дуели. Денеска новајлијата во второлигашката конкуренција, екипата на Арсими од Чегране, со убедливи 6:1 славеше на тест-дуелот со Тетекс.
Стрелци на головите за „жолто-црните“ беа Ајрула (2) и по еднаш Алиу, Селими, Џемаил и Селими.
Во пријателски дуел меѓу Вардар и Локомотива немаше голови. Дуелот заврши со стартните 0-0.
Беласица на домашен терен беше подобра од Кожуф со 2:1, додека Пелистер со минимални 1:0 славеше над екипата на Новаци.
Пријателска имаше и меѓу градските ривали Воска Спорт и Охрид Лихнидос. Славеше Охрид со 2:1 .