Захариевски: Голема победа на Струга ТЛ среде Штип!

819

Секако дека тренерот на Струга Трим Лум, Срѓан Захариевски може да биде задоволен од денешниот исход на мечот во Штип. Со голот на Хоган Укпа во 87.минута неговиот тим ја победи Брегалница и освои големи, големи три бода.

Уф, тежок меч, Брегалница е одлична екипа. Имавме шанси, но имаа и домашните. Кога се чинеше дека мешот ќе заврши без победник Укпа постигна прекрасен гол за наша победа. Можеби имавме и среќа, но големи се овие три бода. Мораме да бидеме задоволни, да се победи Брегалница на нејзин терен и тоа воде интересен и убав натпревар секако дека е голема работа“ вели Захариевски за “Спортмедиа“, кој со Струга ТЛ освои шест бода во првите два меча оваа сезона и заслужено се наоѓа на врвот на табелата.

ПретходноМишов за победа на Тиквеш среде Прилеп, Силекс ја шокираше Шкендија! (ВИДЕО)
СледноТухел му повлече Конте за рака, па следуваше физичка пресметка (видео)