Леонид Тодоровски и новото име во редовите на Работнички. Оваа информација ја потврдија од самиот клуб. Станува збор за некогашен сениорски репрезентативец, некогашен голем талент на МЗТ Скопје за кого играше од 2016 до 2019 година. Потоа Тодоровски настапуваше за екипите на Куманово, МЗТ Скопје 2 и ФМП Академија.
Тој за “академците“ минатата сезона одиграл 32 натпревари а имал во просек по 11 поени.
Како што се најавува во таборот на најтрофејниот клуб во Македонија ова лето ќе има уште нови имиња, ама со оглед на големите проблеми со кои се соочува, и во новата сезона Работнички ќе игра со млади сили.