ОФИЦИЈАЛНО: Гуџуфи потпиша профи-договор со Бешикташ!

284

Македонскиот фудбалер Бесар Гуџуфи од оваа сезона и официјално ќе има право да игра за турски Бешикташ во Суперлигата и еврокуповите.

18-годишниот македонски фудбалер поради правилата затоа што уште не беше полнолетен не можеше да потпише професионален договор па така екс-фудбалерот на Беласица и Вардар одредено време играше во У19-тимот на Бешикташ.

Сега младиот фудбалер потпиша професионален договор до 2027 година.

ПретходноСе одолговлечи трансферот на Чурлинов во Барнли – се појави проблем
СледноСтоилов му се пушти на Лазаревски на тајм-аут (ВИДЕО)