Целје убедливо против Бутел Скопје

105

Целје влезе во друштвото на Е.Пелистер и Вардар, кои со победа го отворија настапот на меѓународниот турнир во Струга. На последниот меч од денешната програма словенечкиот тим славеше против Бутел Скопје со убедливи 20-31.

Овој дуел беше познат уште по првото полувреме, македонскиот клуб имаше негатива од десет гола (8-18). По одморот не се промени ништо, Бутел Скопје немаше сили за да се врати на оваа средба, па првата победа на турнирот ќе ја бара против Вардар.

Утре први на теренот ќе истрчаат Алкалоид и Целје, АЕК Атина ќе игра против Татран, додека во терминот од 21:15 часот е македонската пресметка меѓу Вардар и Бутел Скопје.

ПретходноЛШ: Барди дебитираше со пораз, Адеми и Ристовски минимално поразени во Норвешка (ВИДЕО)
СледноМилан купува дефанзивец од Ајнтрахт (Ф)