Славчо Георгиевски: Скопје ќе го даде максимумот за да ја изненади Шкендија!

615

Конечно и Скопје денеска ќе ја стартува новата сезона во ПМФЛ. И тоа со Шкендија на гости, мечот се игра во Струга, а на клупата на “пиратите“ свое деби на еден официјален меч ќе има Славчо Георгиевски – Тупан, кој откако имаше успеси како тренер во Тетекс доби понуда од клубот од Автокоманда и истата ја прифати.

Тешко гостување, без разлика што се игра во Струга. Се знае која е Шкендија, се знае дека е фаворит, сиот респект за квалитетниот состав на тетовци. Тие се во предност и поради фактот дека се во целосна натпреварувачка форма, веќе одиграа седум натпревари а ние денеска го играме првиот. Сепак Скопје ќе го даде својот максимум со цел да го изненадиме фаворитот. Нема повредени играчи, сите се во комбинација и едвај посакуваме да почне натпреварот, конечно и ние да одиграме една официјална средба. Верувам во мојот тим“ истакна за “Спортмедиа“ стратегот на „пиратите“ Славчо Георгиевски. 

Инаку мечот се игра денеска со почеток од 17 часот на стадионот во Струга, главен судија ќе биде Марјан Стојановски од Кичево.

Претходно„Тајмс“: Атлетико (М) го нуди Мората или Гризман за Кристијано Роналдо
СледноСедлоски: Балкани е силен, но ние игравме против екстра противници и покажавме што можеме