Еден Азар пристигна во Мадрид пред три години, но не ги оправда очекувањата.
Веќе подолго време се пишуваше дека заминува, а сега наводно е најблиску до заминување во Турција. Станува збор за тимот на Галатасарај, каде би отишол на позајмица.
Азар има важечки договор до крајот на следната сезона, причината за неговото заминување е малата минутажа која ја добива во дресот на Реал Мадрид.
Тој некогаш беше еден од најдобрите фудбалери во светот додека играше за Челзи.
Азар одигра 244 натпревари за Челзи, постигнувајќи 85 голови и 61 асистенција. Во Шпанија таа статистика е многу поскромна – во три сезони има 48 натпревари во лигата и само четири гола со осум асистенции.