Славниот Селтик го посакува Јани Атанасов!

673

Дали по Бојан Миовски, уште еден наш репрезентативец ќе игра во елитната елига во Шкотска и тоа во дресот на некогашниот европски првак во Селтик? Имено како што известуваат медиумите во Шкотска, а пренесуваат и во Хрватска, Селтик бил силно заинтересиран за ангажман на Македонецот,дека имало почетни преговори со Хајдук,инаку сегашниот клуб на Атанасов.Но и тоа дека наскоро може да се очекува и официјална понуда до клубот од Сплит од славниот Селтик за нашиот Атанасов.

Останува да се види дали овој трансфер во најава сепак ќе се реализира, се разбира дека тоа најмногу одлучува Хајдук со оглед на тоа дека Атанасов е под договори со “билите“.

Инаку Атанасов во Хајдук дојде во пред две години, на почеток не можеше да се снајде, но како што одминува времето тој се повеќе е еден од оние главни играчи на хрватската гордост. Посебно Атанасов се истакна на последното вечно дерби со Динамо Загреб,на кое даде ретко виден гол.

Претходно Атанасов играше и за Бурсаспор и Академија Пандев.

ПретходноУкраден часовник на Левандовски вреден 70.000 евра, крадецот фатен во грмушки
СледноЦиципас си закажа полуфинале со Медведев, нова сензација на Чориќ!