Захариевски: Заслужено победивме, но Работнички не е тим за нула бодови по три кола

472

Лидерот на прволигашката конкуренција во домашниот шампионат, тимот на Струга Трим Лум денеска на свој терен го совлада Работнички со 2:1. Во дуел во кој домаќинот покажа повеќе, стратегот на домашните Срѓан Захариевски смета дека неговиот тим воопшто немал лесна задача, напротив, го пофали Работнички како екипа, но и неговите избраници кои заслужено победиле.

„Знаевме дека ќе биде многу тешко. Ги предупредував моите играчи цела недела дека она што Работнички го има како резултати сезонава не соодетствува со калитетот на оваа екипа. Тоа се потврди денеска. Противникот одигра одлличен натпревар. Имавме повеќе од играта, создадовме повеќе шанси и мислам дека заслужено победивме.

Ако некој не го гледал мечот, а ќе го погледне извештајот и оние три црвени картони ќе мисли дека денес во Струга се водело војна, а не се играл фудбал,но сепак, самите се уверивте дека не беше така. Фудбал, е во жар на борба, бодови на стартот на првенството секој посакува, судиите се оние кои одлучуваат и не треба да им се мешаме во нивната работа“ – изјави Захариевски по мечот. 

Струга е лидер по три кола со девет бода, но шампионот Шкупи има одиграно само еден дуел, а тимот на Македонија ЃП два меча.

 

 

ПретходноШкендија ја освои Струмица, Трим Лум лидер и понатаму (ВИДЕО)
СледноМихаилов: Покажавме карактер, квалитет и единство